ВИДЕО | Бред Пит и Џорџ Клуни танцуваа на четириминутните овации на премиерата на „Волци“ во Венеција
Бред Пит и Џорџ Клуни се прегрнаа и танцуваа на Филмскиот фестивал во Венеција во неделата вечерта, додека најновиот филм на двете мегаѕвезди, „Волци“, доби четириминутни овации, пишува „Варајати“.
Препорачано
Премиерата беше одложена за повеќе од 30 минути бидејќи имаше насобрано многу фанови пред Салата Гранде во Венеција во обид да ги видат Пит и Клуни. Кога дуото конечно пристигна, атмосфера во салата беше на завидно ниво. Двајцата актери тргнаа на различни страни од тепихот, потпишувајќи автограми и правејќи селфи, пред обезбедувањето да ги однесе на нивните места.
@varietymagazine George Clooney and Brad Pitt hug it out and dance during the 4-minute standing ovation for #Wolfs ♬ original sound – Variety
Кога двете ѕвезди влегуваа во театарот, тие ја поздравија толпата со „Buonasera!“. Дури и кога почна проекцијата на филмот, хаосот продолжи, а оние без билети се обидуваа да најдат празни места.
По завршувањето на проекцијата следуваа четириминутни овации, кои можеби не беа толку долги колку што се очекуваше со оглед на ѕвездената моќ на Пит и Клуни, но се чинеше дека претставниците на фестивалот сакаа да ја извлечат публиката од театарот со оглед на доцниот почеток на премиерата и хаотичната енергија.




