ВИДЕО: Бразил нема мака во квалификациите за СП 2022

Венецуела е последна жртва на Бразилците во квалификациите за СП 2022/ фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra Jr

Селекцијата на Бразил и со комбиниран тим реди победи во квалификациите за СП 2022 година.

„Кариоките“ веќе го обезбедија учеството на Мундијалот во Катар, па селекторот Тите одлучи да провери некои фудбалери кои добиваа помалку шанси во квалификациите и за дуелот со Венецуела ги одмори Нејмар и Каземиро, но и покрај тоа Бразил славеше со 1:3.

Венецуела поведе уште во десеттата минута откако Ерик Рамирез го искористи киксот на одбраната на Бразил и го совлада Алисон.

Бразилците потоа доминираа на теренот, но не можеа да го совладаа Жоел Гратерол, се до влегувањето во игра на Рафиња. Токму по корнерот на Рафиња, Маркињос во 71. минута успеа да го израмни резултатот. Потоа беше полесно за „кариоките“ кои до победата дојдоа во самиот финиш. Прво во 85. минута Габриел Барбоса преку пенал му носи на Бразил водство од 1:2, а конечниот резултат го постави Антони во 95 минута.

Аргентина во Парагвај одигра без без голови против домашната селекција и го задржа второто место на табелата со 19 бодови. Аргентинците настапи со Лео Меси, ја имаа иницијативата , но не успеаја да постигнат гол.

Чиле со поразот од 2:0 против Пери ги намали шансите да обезбеди пласман на СП во Катар. Чилеанците сега се осми на табелата со седум бодови и имаат дури седум бода помалку од Колумбија која одигра 0:0 на гостувањето кај Уругвај.

Резултати:
Парагвај – Аргентина 0:0
Уругвај – Колумбија 0:0
Венецуела – Бразил 1:3
Еквадор – Боливија 3:0
Перу – Чиле 2:0

Табела: Бразил 27, Аргентина 19, Еквадор, Уругвај 16, Колумбија 14, Парагвај 12, Перу 11, Чиле 7, Боливија 6, Венецуела 4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот