ВИДЕО: Бразил и Аргентина немаат милост во квалификациите, Еквадор на чекор до Мундијалот во Катар

Лаутаро Мартинез и донесе нова победа на Аргентина во квлаификациите за СП 2022/фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Селекциите на Аргентина и на Бразил иако го обезбедија пласманот на Светското првенство во Катар, продолжуваат да редат победи во јужноамериканските квалификации.
Бразил на стадионот „Минеиро“ во Бело Хоризонте со убедливи 4:0 го совлада Парагвај и го отпиша од трката за пласман во Катар.
„Кариоките“ уште во втората минута постигнаа гол преку Рафиња, но беше поништен поради играње со рака.

Сепак, Рафиња во 28. минута се запиша во листата на стрелци за водство на Бразил од 1:0. Во вториот дел, Бразилците доминацијата ја крунисаа со уште три гола и тоа преку Кутињо во 62, Ентони  во 86. и Родриго во 88. минута.
Бразил е лидер на табелата со 39 бода, додека Парагвај е претпоследен со 13 бода и без никакви шанси да дојде до петтото место и баражот за пласман на Мундијалот во Катар.
На Аргентина и беше доволен еден гол, тој на Лаутаро Мартинез во 29. минута минимален триумф над Колумбија. Аргентина е втора на табелата со 35 бода, додека Колумбија е седма со 17 бода и има минимални шанси за пласман на СП во Катар.

На еден бод од пласман во Катар се наоѓа селекцијата на Еквадор која одигра 1:1 на гостувањето кај Перу. Естрада уште во втората минута го донесе Еквадор во водство, додека Перу израмни преку Флорес во 69 минута. Еквадор е трет на табелата со 25 бода, додека Перу е петти со 21 освоен бод.
Во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации, Еквадор му гостува на Парагвај и потребен му е бод за да го обезбеди учеството на Мундијалот во Катар.

Реултати:
Уругвај – Венецуела 4:1
Аргентина – Колумбија 1:0
Бразил – Парагвај 4:0
Перу – Еквадор 1:1
Табела:  Бразил 39, Аргентина 35, Еквадор 25, Уругвај 22, Перу 21, Чиле 19, Колумбија 17, Боливија 15, Парагвај 13, Венецуела 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот