ВИДЕО: Бранот висок седум метри со себе однесе 20.000 луѓе и цели населби, страшни прогнози за градот Дерна

Италија цунами/ Фото Твитер

Градот Дерна кој беше срамнет со земја по катастрофалните поплави во Либија и денеска брои жртви. Се стравува дека до 20.000 луѓе ги загубиле животите , изјави градоначалникот на источениот либиски град. 

Разорните поплави однесоа цели населби и зад себе оставија илјадници мртви. За сега официјално повеќе од 5.300 луѓе загинаа откако пуканаа и се излејаа две брани, најмалку 10.000 луѓе исчезнаа, а десетици илјади се раселени.

Во интервју за саудиската телевизија Ал Арабија, градоначалникот на Дерна изјави дека  18-20 илјади луѓе загинале кога пукнале браните, па цунамито со себе однесе цели населби во морето. Неговата проценка се базира на бројот на локалните заедници биле целосно уништени од надојдените води.

Шефот на либиската делегација на Црвениот крст рече дека ќе бидат потребни многу месеци, можеби и години, за жителите на Дерна да се опорават од обемот на штетата откако бран од седум метри го погоди северниот крајбрежен град.

„Оваа катастрофа беше брутална. Бран висок седум метри урна згради и однесе инфраструктура во морето. Цели семејствата се исчезнати, мртви тела се враќаат на брегот, а домовите се уништени“, рече Јан Фридез.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот