ВИДЕО: Брана во неготинско може да се урне, Ангелов вели дека состојбата е сериозна

Фото: ЦУК

Браната Липа во неготинско е напукната, протекува од многу места и има опасност од рушење на дел од насипот, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој денеска беше на местото.

Ангелов се сретна со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, а потоа и со раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Неготино, Пане Трајков и со мал тим од општината се упати кон село Липа, близу коешто е лоцирана оштетената брана.

По непосредниот реализиран увид и документирање на состојбата на терен, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, во координација со субјектите од системот за управување со кризи (СУК).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот