ВИДЕО: Брајтон го понижи Челси во Премиер лигата, голем пресврт на Тотенхем
Денеска во рамките од 14 коло во Премиер лигата составот на Брајтон направи изненадување совладувајќи го високо фаворитот Челси со конечни 4:1.
Препорачано
Уште во првото полувреме играчите на менаџерот Де Ѕерби ги понижија лондонските „сини“ со три гола во мрежата на Аризабалага. Во петтата минута предност за домаќините донесе Тросард, а автоголови до крајот на првото полувреме си постигнаа Лофтус-Чик во 14 и Чалобах во 42 минута.
На стартот од вториот дел гостите намалија преку Хаверц, а трите бода за Брајтон ги потврди Грос во самиот финиш од средбата (90+2`).
Тотенхем иако имаше негатива од 2:0 против Бурнмаут, на крајот составот на Конте направи целосен пресврт на „Виталити“ стадионот. Домаќинот стекна позитива од 2:0 со головите на Мур, а на спротивната страна по еден погодок имаа Сесењон, Дејвис и Бентанкур.
Во другите мечеви: Брентфорд – Вулверхемптон 1:1, Кристал палас – Саутемптон 1:0 и Њукасл -Астон Вила 4:0.
Табела: Манчестер сити 29 бодови, Арсенал 28, Тотенхем 26, Њукасл 24, Челси 21, Манчестер јунајтед 20…
ВИДЕО: Манчестер сити може и без Халанд – мајсторија на Кевин де Брујне против Лестер


