Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Бостон убедлив во победата против Лејкерс

Кошаркарите на Бостон на гостински терен го совладаа Лос Анџелес лејкерс со 111:89 (28-28, 32-22, 24-21, 27-18) во натпревар од НБА лигата.

Џејлен Браун ги предводеше Селтикс со 32 поени, додека Пејтон Причард постигна 30, заедно со осум скока и шест тројки.

Лука Дончиќ беше најефикасен во редовите на Лејкерс со 25 поени, а Леброн Џејмс додаде 20.

Бостон е на второто место во Источната конференција со 37 победи и 19 порази, додека Лејкерс се на петтото место на Западот со учинок од 34-22.

Њујорк го победи Чикаго со 105:99, Карл-Ентони Таунс се истакна како прв стрелец во победата со 28 поени, додека Матас Бузелис имаше 15 поени на спротивната страна.

Њујорк е трет на Истокот со 37 победи и 21 пораз, додека Чикаго е на 12 позиција (24-34).

НБА лига, резултати:

Вашингтон – Шарлот 112:129
Лејкерс – Бостон 89:111
Минесота – Филаделфија 108:135
Чикаго – Њујорк 99:105
Феникс – Портланд 77:92
Клиперс – Орландо 109:111

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот