ВИДЕО | Бошкова: Да спречиме спонзорирана хомофобија и трансфобија во високото образование

Тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поднесе невладината Коалиција Маргини заедно со Мрежата за заштита од дискриминација. Обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како забеганост, се само дел од вознемирувачка содржина што бараме да биде отстранета и заменета со научно заснована содржина што е во чекор со современата научна мисла. Институциите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосен развој на личноста и кон зајакнување и почитување на човековите слободи и права, поради што мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација, велат од коалицијата „Маргини“.

-После низа интервенции за повлекување на спорната содржина од учебникот, одлучивме дека единствен или поефикасен механизам би бил судот. Бараме судот да утврди дека спорната содржина е вознемирувачка, да се повлече и одлуката со која се утврдува дискриминацијата јавно да се објави во медиумите, вели во Утрински брифинг Наташа Бошкова од коалицијата „Маргини“.

-Автономијата на Универзитетот е едно од основните начела на високото образование, но и почитување на човековите права, заштита од дискриминација и принципот на еднаквост се на подеднакво рамниште. Така што не сметам дека повикувањето на принципот на автономија на високото образование на Универзитетот е доволно да се изземе од одговорност и факултетот и авторот и рецензентите на овој учебник. Овој учебник всушност стана учебник во 2018. Времето кога ние имавме интервенции за повлекување на ова спорна содржин аучебникот беше во форма на скрипта. Тогашните напори беа да превенираме да дојде до ситуација оваа содржина да стане учебник кој е финасиран од факултетот , од буџетски пари и практично на некој начин да се случи спонзорирана хомофобија и трансфобија во високото образование, вели Бошкова.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот