ВИДЕО | Борусија Дортмунд го обезбеди второто место во Бундеслигата
Фудбалерите на Борусија Дортмунд денеска славеа како домаќини против екипата на Ајнтрахт Франкфурт со резултат од 3:2, во натпреварот од 33 коло во Бундеслигата.
Препорачано
Со вечервашниот триумф, „милионерите“ го потврдија второто место на табелата пред последното коло, додека Ајнтрахт значително се оддалечи од место во Европските купови.
Гостите од Франкфурт одлично го отворија натпреварот на „Вестфален“ и поведоа во втората минута преку Кан Узун, но на крајот од првото полувреме Дортмунд дојде до пресврт и го трасираше патот до победата.
Прво, во 42 минута, Серу Гираси израмни на 1:1 со својот 16 лигашки гол, а во судиското продолжение од првото полувреме, Нико Шлотербек постигна гол за 2:1, со асистенција од Макс Бајер.
Бајер му намести гол на Самуел Инасио во 73 минута, што ѝ овозможи на Борусија да го удвои водството, но Ајнтрахт успеа само да го ублажи поразот преку Џонатан Буркарт, кој го постави конечниот епилог на 3:2 во 87 минута.
На табелата во германското првенство, Дортмунд на втората позиција има 70 бодови, додека Ајнтрахт Франкфурт е на осмото место со 43 бодови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


