Јоко Оно и Џон Ленон / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Близок пријател на Џон Ленон се присети на инцидент: „Се опијани, зеде нож и ѝ се закануваше на една жена“

Продуцентот и долгогодишен пријател на легендарниот Џон Ленон, Џек Даглас, проговори за драматичен и досега малку познат инцидент од седумдесеттите години, во кој учествувал поранешниот член на „Битлси“. Во разговор за поткастот „The Magnificent Others“, Даглас се присети на случка на приватно собирање во Њујорк, на кое присуствувале Ленон и познатата активистка Еби Хофман.

Според неговото сведоштво, атмосферата се вжештила додека се водела расправа за насилството. Ленон, кој бил во алкохолизирана состојба, станал сè понервозен поради радикалните пароли што ги извикувала активистката.

„Зеде нож од кујната, ѝ пријде на жената што викате: ‘Убијте ги свињите’, па ѝ рече: ‘Сакаш насилство? Ќе ти покажам насилство’“, откри Даглас, наведувајќи дека околните гости биле силно исплашени.

Терминот „свињи“ во тоа време бил широко користен од левичарски групи и означувал припадници на полицијата, пишува „Њујорк пост“.

По инцидентот, Ленон и Даглас веднаш ја напуштиле забавата.

Џон Ленон / Фото: Raph GATTI / AFP / Profimedia

Даглас додаде дека Ленон и Јоко Оно тогаш биле блиски со Хофман и со активистот Џери Рубин, кои, според него, „го користеле“ Ленон за свои политички кампањи. Тие успеале да ги убедат Ленон и Оно да говорат на протест во поддршка на писателот Џон Синклер, осуден на 10 години затвор поради продажба на марихуана.

Продуцентот истакнува дека бил исклучително близок со Ленон и дека токму тој бил една од последните личности што музичарот ги видел пред трагичната смрт. Ленон беше убиен на 8 декември 1980 година, на 40-годишна возраст, само неколку часа по заедничката работа во студиото.

„Беше многу позитивен тој ден. Беше среќен што се враќа и што може да биде со семејството. Многу зборуваше за синот Шон и за тоа колку добар период поминува со Јоко“, изјави Даглас во претходно интервју.

Тој откри и дел од нивните лични разговори: „Го прашав која е тајната за пишување навистина добра песна. Ми рече: ‘Кажи ја вистината и нека се римува’. Луѓето чувствуваа блискост со него затоа што секогаш пееше за она што навистина му се случува“.

Да потсетиме, Џон Ленон и Јоко Оно беа заедно 14 години и го имаат синот Шон. Ленон го има и синот Џулијан од претходниот брак со Синтија Ленон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот