Фото: EPA/SAKIS SAVVIDES

ВИДЕО: Блесна ветеранот Давид Луиз, Монако не победи на Кипар

Фудбалерите на Пафос успеаја да останат непоразени на свој терен во натпреварот против Монако одигрувајќи 2-2.

Монако одлично го отвори натпреварот на Кипар и по само пет минути игра преку Минамино тимот од Кнежеството дојде до предност. Сепак, тоа водство не траеше долго затоа што на сцена стапи ветеранот Давид Луиз.

Поранешниот стопер на Челси и Арсенал во свој стил постигна одличе гол со глава по корнерот на Оршиќ во 18-та минута.

Отворената игра продолжи и во нареднитее минути, па така Монако со голот на Балогун во 26-тата минута по вторпат дојде до водство. Тоа беше и резултатот од првото полувреме, иако до крајот видовме уште по некоја прилика.

Конечниот резултат беше поставен во завршницата од сдбата кога Пафос повторно дојде до гол по корнер, сега оптвената межа си ја погоди Салису.

Ефикасно беше и на вториот натпревар во истиот термин во кој Копенхаген на свој терен го совлада Каират со 3-2.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот