ВИДЕО: Барселона го слави Де Јонг

Тешка победа за Барселона на гостувањето кај Алавес/ фото: EPA-EFE/L. RICO

Фудбалерите на Барселона славеа со минимални 0:1 на гостувањето кај Алавес во 22 коло од Ла Лига и се вратија во трката за пласман во Лигата на шампионите.

Барселона сопобедата се искачи на петтото место на табелата со 35 бода, еден помалку од четвртопласираниот Атлетико Мадрид, а пет од Бетис, но каталонскиот тим има и натпревар помалку.

Јунак на Барселона е Френки де Јонг кој единствениот гол го постигна во финишот од мечот, во 87 минута и тоа по додавањето на засилувањето Феран Торес.

Резултати:
Гранада – Осасуна 0:2
Реал Мадрид – Елче 2:2
Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао 0:1
Реал Сосиедад – Хетафе 0:0
Алавес – Барселона 0:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот