Фото: EPA/Ismael Herrero

ВИДЕО | Барса преку Албасете во полуфиналето на Кралскиот куп

Фудбалерите на Барселона вечерва се пласираа во полуфиналето на Кралскиот куп, откако го победија Албасете со 2:1 на гостински терен.

Албасете претходно на патот до четвртфиналето приреди сензација елиминирајќи го Реал Мадрид, но не можеше да направи уште едно изненадување.

Барса поведе во 39 минута преку Ламин Јамал, додека Роналд Араухо го постигна вториот гол за каталонскиот тим во 56 минута.

Албасете, кој се натпреварува во втората шпанска лига, го намали резултатот во 87 минута со голот на Хави Морено.

Барселона можеше да постигне трет гол во првата минута од судиското продолжение, но голот на Феран Торес беше поништен поради офсајд.

Барселона, која е и првиот полуфиналист оваа сезона, ја брани титулата во Купот на кралот. Во среда, натпреварите Алавес – Реал Сосиедад и Валенсија – Атлетик Билбао се закажани од 21.00 часот.

Последниот четвртфинален натпревар е закажан за четврток, кога ќе се сретнат Бетис и Атлетико Мадрид (21.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот