Фото: Konyaspor

ВИДЕО | Барди асистираше во победата над Галатасарај во турската Суперлига

Денеска во рамките од 23 коло во најдобрата турска Суперлига фудбалерите на Коњаспор на домашен терен со 2:0 го совладаа Галатасарај.

Немаше погодоци во текот на првото полувреме, на стартот од вториот дел гостите постигнаа гол, но истиот беше поништен по ВАР снимката.

Во 75 минута домаќините го постигнаа првиот гол преку Демирбаг по асистенцијата на Јазгили.

Вториот погодок беше реализираше во 81 минута преку Крамер, а му асистираше македонскиот репрезентативец Енис Барди. Нашиот играч настапи од 72 минута како замена за Олаигбе.

За Коњаспор ова е петта победа сезонава во првенството за моментно 13 место со 23 бодови, и во следното коло на 27 февруѕари ќе игра против Башакшехир на гостински терен.

За Галатасарај ова беше само втор пораз, и натаму е на лидерската позиција со 55 бодови, но сега Фенербахче има шанса за два дена пред своите навивачи со евентуална победа над Касимпаша да се израмни на врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот