ВИДЕО | Баерн го доживеа првиот пораз сезонава во Бундеслигата
Фудбалерите на Аугсбург денеска на гостински терен направија големо изненадување и го победија Баерн Минхен со резултат 2:1. Така, им го нанесоа на Баварците првиот пораз во Бундеслигата оваа сезона, а доколку Борусија Дортмунд го победи Унион Берлин, ќе ја намалат разликата на осум бода зад водечкиот тим.
Препорачано
Баерн имаше водство од 23 минута кога Ито ја пронајде мрежата по асистенцијата од Олисех. Сепак, момците на Венсан Компани не можеа да ја зголемат својата предност и да стигнат до сигурна разлика за да го доведат натпреварот до крај.
Аугсбург виде дека може да освои бодови во Минхен и сè започна во 75 минута, кога Артур Чавез ја искористи грешката на младиот Урбих, кој доби шанса пред Нојер, и дојде казната од гостите со гол во празната мрежа.
Тоа беше увертира за пресврт што малкумина го очекуваа. По комбинација на левата страна, Масенго се погрижи за предност на гостите.
Баерн се обиде да израмни во последните минути, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои важни три бода во борбата за опстанок. Олисе ја пропушти најдобрата шанса, кога ја затресе пречката.
Се одиграа уште три натпревари: Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:0, Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 1:3, Хајденхајм – Лајпциг 0:3.


