ВИДЕО: Австралиски фудбалер призна дека е хомосексуалец, веднаш доби поддршка од најголемите ѕвезди

Кавало јавно призна дека е хомосексуалец/принтскрин

Фудбалерот на Аделаида јунајтед, Џош Кавало јавно призна дека е хомосексуалец и стана првиот фудбалер во австралискиот шампион со вакво признание.

„Јас сум фудбалер и сум хомосексуалец. Се што сакам е да играм фудбал и да бидам третиран еднакво како и останатите. Неверојатно исцрпувачки е да играте најдобро што можете и притоа да водите двоен живот. Тоа е искуство кое не би му го посакал на никого“, објави 21-годишниот Кавало.


По настапот во јавноста, Кавало веднаш доби поддршка од дел од најголеми ѕвезди како Антоан Гризман, Жерар Пике бидејќи е еден од ретките фудбалери кој јавно признава дека е хомосексуалец и тоа додека е активен играч. Досега најчесто фудбалерите својата сексуална ориентација ја откриваа откако ќе ги завршеа кариерите.

Првиот фудбалер кој јавно призна дека е хомосексуалец беше Џастин Фасхану во 1990-тите години играше во Премиер лигата, но во 1998 година се самоуби.

„Се сеќавам дека читав оти Џастин Фасхану беше првиот професионален фудбалер кој јавно призна дека е хомосексуалец и тоа во 1990-тите години и дека подоцна се самоуби“, додава Кавало кој исто така истакна дека има голема поддршка од својот клуб Аделаида јунајтед, од соиграчите и од челниците на фудбалската федерација на Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот