Се урна авион во Африка - Извор Х

ВИДЕО | Авион се урна на плажа во Африка кратко по полетувањето, сите патници преживеаја

Сомалиски патнички авион од типот „Фокер 50“, се излизга од пистата при слетување и заврши на брегот на една од плажите крај Индискиот Океан во близина на главниот град Могадишу, пренесе Нова.рс.

Авионот бил на локалната авиокомпанија „Стар-скај“. Откако се случиле технички проблеми кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром „Аден Аде“ во Могадишу, пилотот се обидел да се врати и безбедно да слета, но не успеал да ја задржи контролата и се излизгал на плажата.

Според официјалните информации, во авионот имало 55 патници и членови на екипажот, а во несреќата нема жртви.

Снимките од местото на настанот го покажаа авионот слетан на песочна плажа веднаш надвор од аеродромската зона. Истрагата за причината за излетувањето од пистата е во тек, а операциите на аеродромот беа накратко прекинати додека службите за итни случаи ја обезбедуваа областа.

Аеродромот Могадишу соопшти дека екипажот се обидел да го сврти авионот и да се врати на аеродромот, но за време на обидот за слетување тој се лизнал од пистата, при што десното крило се одвоило од трупот.

Светските агенции објавија дека спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот за неколку минути.

-Приоритет беше да се спречи пожар по ударот, со оглед на близината на морето“, изјави претставник на аеродромот. Големо олеснување е тоа што сите патници и членови на екипажот се безбедно евакуирани – додал тој.

Сомалиската управа за цивилно воздухопловство (СЦАА) потврди дека несреќата се случила во крајбрежната област веднаш надвор од западниот периметар на аеродромот и дека сите патници и членови на екипажот преживеале. Покрената е официјална истрага за да се утврди точната причина за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот