ВИДЕО: АТП со порака до Ѓоковиќ, држи се до тенисот!
Потегот кој го направи најдобриот светски тенисер стана хит на социјалните мрежи..После завршувањето на двонеделниот карантин, Новак Ѓоковиќ го поминува слободно време играјќи одбојка на плажа.
Препорачано
Добро се забавуваше со Филип Крајиновиќ и нивните пријатели, а во еден момент се посрамоти удирајќи ја топката од непосредна близина во мрежата, по што следуваше огромна смеа.
– Ова беше обид да направам нешто како што го прават Наталија Гитлер и Роналдињо, но очигледно не успеа – напиша Ѓоковиќ на „Инстаграм“. Потоа, следуваше и реакција од АТП кој го советува Ноле да се држи до тенисот, на што се насмеа и српскиот ас.
– Потврдено: Ѓоковиќ не е Наталија Гитлер – напишаа од АТП.
Потсетување дека Ѓоковиќ се подготвува за настапот на првиот грен слем турнир годинава, „Австралија опен“, кој ќе започне на 8 февруари.
LOL ???? https://t.co/2ddgjwFtps
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 31, 2021
View this post on Instagram
View this post on Instagram


