Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Астон Вила изненадена од најлошиот тим во Премиер лигата

Иако грчевито се борат за опстанок во Премиер лигата, веќе многумина ги преселија фудбалерите на Вулверхемптон во понизок ранг, односно Чемпионшип.

Во петокот на домашен терен со резултат 2:0 стигнаа до само втората победа сезонава и тоа против еден од тимовите кои се борат моментно за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Откако неодамна го запреа Арсенал со нерешен резултат 2:2 пред своите навивачи, „Волците“ покажаа нов одличен настап против уште еден врвен тим – Астон Вила.

Астон Вила со тоа е без триумф по петти пат во последните шест мечеви во сите натпреварувања. Екипата на Унаи Емери е на третата позиција на табелата со 10 бода зад лидерот Арсенал.

Стрелци на головите беа Жуан Гомес во 61 минута и Родриго Гомеш во судиското надополнување (90+8`).

Вулверхемптон е на последното 20 место со 13 бодови. Во следното коло Астон Вила на 4 март ќе го пречека Челси, додека играчите на Роб Едвардс еден ден порано се домаќини на Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот