ВИДЕО | Астон Вила брка историја против ПСЖ во Лигата на шампионите
Астон Вила е „дебитант“ во фудбалската Лига на шампионите, но дури и сонува да стигне до полуфиналето.
Препорачано
Англискиот клуб, предводен од шпанскиот тренер Унаи Емери, се соочува со голема пречка, денеска од 21.00 часот на домашен терен ќе се обиде да ја анулира негативата од првиот натпревар (3:1) против францускиот гигант ПСЖ.
На Англичаните ќе им треба речиси чудесен настап за да го свртат резултатот во своја корист и историско полуфинале.
– Имам искуство со пресврти, и позитивни и негативни. Сега имаме нешто поинакво пред нас. Сакаме да напишеме историја за овој клуб. Минатата година во Конференциската лига, оваа година во Лигата на шампионите. Се надеваме дека ќе играме во Европа во годините што доаѓаат – рече Емери.
Победникот од овој двомеч во полуфиналната фаза на ЛШ ќе игра со подобриот од пресметките меѓу Арсенал и Реал Мадрид каде по 90 минути шпанскиот претставник има предност од 3:0.
Поддршката од навивачите на Астон Вила е неверојатна, а клубот дополнително ја подигна атмосферата со мотивациско видео пред вечерашниот натпревар.
This is Aston Villa Football Club. pic.twitter.com/TmVk8ZO2uO
— Aston Villa (@AVFCOfficial) April 14, 2025


