Габриел Жесус/Arsenal FC

ВИДЕО: Арсенал ја прегази Астон вила, Јунајтед не победи против најслабиот тим во Премиер лигата

Арсенал со победа од 4-1 ја прекина серијата од 11 победи по ред на Астон вила, додека Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ одигра само 1-1 со Вулвс.

На „Емирати“, првото полувреме помина без голови, но второто донесе вистински спектакл за „топџиите“. Само три минути по стартот на второто полувреме, Габриел искористи кикс на голманот Мартинез и донесе водство од 1-0. Во 52. минута, по одлична асистенција од Одегард, Зубименди ја зголеми предноста на 2-0.

Во 69. минута Тросар со прекрасен шут од далечина се погрижи за 3-0, и веќе немаше дилема кој ќе биде победник. Габриел Жесус влезе во игра во 78. минута и веднаш го постигна четвртиот гол за Арсенал. Длабоко во судиското продолжение, Оли Воткинс го постигна единствениот гол за Астон вила, за конечни 4-1.

Со овој триумф, Арсенал се „одлепи“ на плус четири бода пред Манчестер сити, кој има натпревар помалку.

Манчестер Јунајтед, пак, не успеа да ја искористи шансата против најслабиот тим во лигата и одигра само 1-1 со Вулвс, кои овој бод го освоија како трет оваа сезона. „Црвените ѓаволи“ поведоа во 27. минута со гол на Зиркзе, но пред крајот на првото полувреме Крејчи израмни на 1-1.

Во второто полувреме тимот на Аморим имаше цели 45 минути да ја врати предноста, но не успеа.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот