ВИДЕО | Aрсенал го понижи Вест Хем во градското дерби

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Денешното лондонско дерби помеѓу Арсенал и Вест Хем помина целосно во знакот на „топџиите“. Избраниците на Микел Артета го понижија градскиот ривал со убедливи 6:0.

Како одлучувачки период од натпреварот се покажаа последните 15-тина минути од првиот дел, тука Арсенал постигна четири од шесте гола и така ги разочара домашните фанови.

Натпреварот го отвори Салиба, продолжи Сака, а потоа стрелаа уште Габриел и Тросар за веќе убедливи 4:0 на полувремето. Во второто полувреме од 63-та до 66-та минута стрелаа уште Сака и Рајс за конечни 6:0.

Арсенал со овој триумф остана на два негатива во однос на Ливерпул кој е лидер, но се израмни со Манчестер Сити кој има натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот