ВИДЕО: Арсенал го доби дербито со Челси и дојде на чекор од финалето во Лига купот
Фудбалерите на Арсенал направија голем чекор кон финалето на англискиот Лига Куп, откако вечерва славеа на гостувањето кај Челси со 3-2 во првиот полуфинален дуел на „Стемфорд Бриџ“.
Препорачано
„Топчиите“ ја забележаа првата победа на теренот на лондонскиот ривал по пауза од речиси три години, односно од 2022 година наваму. Лидерот во Премиер лигата рано го отвори резултатот, кога Бен Вајт погоди уште во седмата минута, а на стартот од вториот делВиктор Ѓокереш донесе предност од 2-0.
Челси се врати во игра во 59. минута преку Гарначо, но избраниците на Микел Артета брзо одговорија, Зубименди зголеми на 3-1 и донесе комотна предност за гостите. Сепак, Гарначо со својот втор погодок во 83. минута внесе неизвесност и ја разгоре драмата до самиот финиш.
И покрај притисокот, Арсенал успеа да ја сочува предноста и со победа ќе го дочека реваншот, кој е закажан за 3 февруари на „Емирати“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
33мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


