20 C
Скопје

ВИДЕО | Арнолд Шварценегер како вистински „Терминатор“застана во ред за вакцина против коронавирусот: „Дојди со мене ако сакаш да живееш“

Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер (73) ja прими вакцина против коронавирусот и ги повика луѓето да се вакцинираат со реплика од филмот „Терминатор“.

Арнолд објави видео на својот инстаграм – профил и покажа како изгледа процесот на вакцинација, а тој истакна дека никогаш не бил посреќен додека чекал на ред.

Денес беше добар ден. Никогаш не сум бил посреќен додека чекав во ред. Доколку ги исполнувате условите, придружете ми се и аплицирајте за вакцинација, напишал актерот.

„Дојди со мене ако сакаш да живееш“, додаде Шварценегер и повика на вакцинација со реплика од филмот „Терминатор“.

Видеото предизвика бројни реакции, ласкави пофалби за добар пример, но и смешни коментари: „Зарем не ја скршивте иглата?“, „Дали им рековте дека ќе се вратите“, „Ти си терминатор, не ти е гајле“, беа само дел од коментарите на фановите.

 

Поврзани вести

Џеј Зи и Бијонсе за родителството: Најважната работа за едно дете е да се чувствува сакано

Слободен Печат

Наскоро Америка со своја верзија на Евровизија

Слободен Печат

Во етно куќа „Серменински чардак“: Откако го отворивме чардакот, заживеа селотo!

Вкусен предлог за вашата неделна трпеза: Како да направите совршена фокача?

Слободен Печат

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

Слободен Печат

Корисна напивка: Дали е подобро бескофеинското кафе?

Слободен Печат

Остави Коментар