ВИДЕО: Арда Ѓулер со гол од половина терен ја потврди победата на Реал
Турскиот фудбалер Арда Ѓулер го одбележа натпреварот на Реал Мадрид против Елче кој „кралевите“ го добија со убедливи 4-1.
Препорачано
„Кралскиот клуб“ најголемиот дел од работата ја заврши уште пред паузата. Во 39. минута Рудигер го отвори резултатот, а само пет минути подоцна Валверде ја зголеми предноста на 2-0.
Елче тешко доаѓаше до вистински прилики, па домаќините мирно го контролираа натпреварот. Во продолжението Хујсен во 66. минута донесе и трет погодок за Реал. Гостите до почесен гол стигнаа по автоголот на младиот Моран во 85. минута.
Сепак, последниот збор го имаше Ѓулер кој само неколку минути подоцна постигна спектакуларен гол од својата половина.
Со оваа победа Реал Мадрид стигна до 66 бодови и останува во трката за врвот, со еден бод помалку од лидерот Барселона, која утре на домашен терен ја пречекува Севиља.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
60мин
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


