ВИДЕО: Англија е во четвртфинале, Стерлинг и Кејн ги матираа Германците

Рахим Стерлинг пет години во дресот на лондонските „сини“/Фото: EPA-EFE/Andy Rain

Репрезентацијата на Англија се пласира во четвртфиналето на Еврп 2020 откако на „Вембли“го совладаа ривалот со кој имале десетина историски натпревари, Германија со 2:0. Поразот на Германија знаечеше и дефинитивен крај на Јоаким Лев кој по 15 години со заминува од селекторската функција. Од друга страна, англискиот селектор Герет Саутгејт по 25 години дочека да им се одмазди на Германците за поразот во полуфиналето на ЕП 1996 година кое се играше токму во Англија, а тој беше дел од својата репрезентација. Англичаните во битката за полуфиналето ќе играат со подобриот од дуелот помеѓу Шведска и Украина.

Очекувано, ова беше тврд натпревар во кој имаше многу малку вистински шанси за гол. Во првото полувреме ниту една репрезентација немаше сериозна шанса за гол, додека ситуацијата се промени во вториот дел, двете селекции играа офанзивно, но недостасуваа головите, се до 75. минута.
Англија поведе со голот на Рахим Стерлинг кој ја круниса одличната акција која ја започна Кејн кој му додаде на Грилиш по што топката дојде до Шо кој му асистираше на Стерлинг.
Германците имаа шанса да се вратат во игра, Томас Милер излезе сам пред голманот Пикфорд но го промаши целиот гол. Казната за проимашувањето дојде во финишот од натпреварот кога Хари Кејн го постави конечниот резултат и ја однесе Англија во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот