ВИДЕО | Андреа не влезе во големото финале на Евровизија

Андреа Коевска / Фото: Profimedia

И покрај одличниот настап, македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска не се пласираше во големото финале. Таа настапи со реден број 11 и ја испеа својата песна „Circles“ за време на втората полуфинална вечер на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.

Вечерва беа одбрани уште десет финалисти – Финска, Србија, Азербејџан, Австралија, Естонија, Романија, Полска, Белгија, Шведска и Чешка. Покрај Андреа, претставниците на Израел, Грузија, Малта, Сан Марино, Кипар, Ирска и Црна Гора нема да ги видиме за време на финалната вечер на Евровизија.

Како потсетување, во првото полуфинале, кое се одржа на 10 мај, во финалето се пласираа изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Претставниците на Албанија, Латвија, Словенија, Бугарија, Хрватска, Данска и Австрија не се пласираа во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот