ВИДЕО: Андоновски и САД ја одбранија титулата во КОНКАКАФ шампионатот

Деветти трофеј за Американките во КОНКАКАФ зоната/Монтереј, Мексико, 18 јули 2022/Фото: EPA-EFE/MIGUEL SIERRA

Женската фудбалска репрезентација на Соединетите Американски Држави предводена од македонскиот стратег Влатко Андоновски не го дава тронот во КОНКАКАФ зоната, Северна и Средна Америка.

Во големото финале одиграно во мексиканскиот Монтереј, Американките со 1:0 ја совладаа селекцијата на Канада.

Единствениот погодок беше реализиран во 78 минута преку Морган која беше прецизна од белата точка.

За САД ова е деветти трофеј во ова натпреварување, трет по ред, а Канаѓанките останаа на двете титули од 1998 и 2010 година.

Третопласирани се фудбалерките на Јамајка кои со 1:0 по продолженијата беа подобри од Костарика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот