ВИДЕО | Анализа: Загадувањето е тема само во текот на зимските месеци
Сите поголеми градови во Македонија утрово се загадени, а Скопје е најзагадениот на европскиот континент.
Препорачано
– Скопје е најзагаден во Европа, а е десетти на планетата по концентрација на ПМ10 честички во воздухот. Според тоа што може да се прочита, концентрацијата на штетните честички во воздухот е осум пати поголема од препораката на СЗО. За жал, за загадувањето се говори само во зимскиот период кога временските услови се неповолни, но со првиот снег и ветер, загадувањето веќе не е тема. Очигледно дека е потребна сеопфатна стратегија за справувањето со овој горлив проблем, Владата најави такво нешто, но засега не можеме да видиме никакви практични чекори на терен. Што се случи со оние пречистителни станици по некои скопски општини? Дали дадоа позитивни резултати или не? Не знаеме, бидејќи никој и не се интересира за тоа. Голем проблем е греењето во грејната сезона, автомобилите и урбанизацијата. Но, ако сите се префрлат на клима уреди и на електрични автомобили, се поставува прашањето од каде ќе пронајдеме доволоно електрична енергија за тоа. Тоа се прашања кои сериозно треба да се земат предвид – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.
Целата анализа проследете ја на следниот линк:


