ВИДЕО | Анализа: Нечесни игри на почесниот конзул Папранику
Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово, непосредно пред почетокот на полициската акција.
Препорачано
Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Македонија.
– Се работи за сопственикот на Нептун, како и косопственик на Ист Гејт мол. Арсим Папранику е воедно и почесен конзул на Косово во Македонија, со чие дипломатско возило поранешниот вицепремиер непречено бил превезен преку граница. Очигледно е дека Груби, како и голем број осомничени во низа, предвреме бил известен дека се подготвува негово апсење и ја напуштил државата. Прашање е дали во моментот кога ја напуштал државната територија, тој ќе бил спречен да продолжи понатаму доколку бил со сопствено возило. Во тој момент немавме сознанија дека се подготвува претрес на неговиот дом. Инаку во меѓувреме е поднесена кривична пријава против Груби, како и против поранешниот директор на Лотарија на Македонија Прперим Бајрами, а Обвинителството побара притвор за двајцата, иако е потврдено дека поранешните функционери се недостапни за домашните органи. Кривична е поднесена и против поранешен премиер, а се шпекулира дека тоа се однесува на Димитар Ковачевски – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.


