ВИДЕО: „Америка е одговорна“: Кинеската државна телевизија објави симулација на минирањето на „Северен тек“

Фото: CGTN/printscreen

Кинеската државна телевизија ЦГТН (CGTN), која емитува програма на англиски јазик, објави графичка симулација и реконструкција на експлозијата која во септември тешко го оштети руско-германскиот гасовод „Северен тек 2“ во Балтичкото Море.

Во графичката реконтрукција, кинеската телевизија се повикува на истрагата со шокантни резултати, која ја спроведе американскиот истражувачки новинар-ветеран Сејмор Херш, а во која се тврди дека САД, односно администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден е одговорна за саботажата на гасоводот вреден 12 милијарди долари, со кој управува руски „Газпром“.

ЦГТН, како и новинарот Херш, во прилогот тврди дека Соединетите Американски Држави, со помош на сојузниците од Норвешка, го минирале гасоводот во Северното море, кој носи руски гас во Германија.

Херш во написот објавен по истражувањето, повикувајќи се на неименуван извор во Вашингтон, пишува дека одлуката за минирање на „Северен тек 2“ ја донел лично Бајден. Според него, Бајден тоа го сторил откако претходно девет месеци разговарал со претставници на администрацијата кои се занимаваат со националната безбедност: Џејк Саливан, државниот секретар Ентони Блинкен, потсекретарот за политички прашања Викторија Нуланд и други.

Американски новинар: Бајден наредил да се минира гасоводот „Северен тек 2“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот