ВИДЕО: Алиоски запиша нова асистенција во дресот на Ал Ахли

алиоски
фото: instagram.com/alahliclub.sa

Денеска во рамките од 29 коло во најсилното фудбалско првенство на Саудиска Арабија екипата на Ал Ахли загуби на домашен терен од Ал Раед (1:3).

До крајот на шампионатот останува уште едно коло во кое ќе се обиде Ал Ахли да обезбеди опстанок во елитата.

Моментно е на 14 позиција (која води во понизок ранг) со 31 бод, а засега во безбедната зона Ал Таее на деветтото место со 34 бодови, следуваат Ал-Таавон, Ал-Фаисалу и Ал-Раед со по 33 бодови од 10 до 12 место, а на 13 позиција е Ал Батин со 32 бодови.

Во последната лигашка рунда Ал Ахли ќе игра против Ал-Шабаб на гостински терен на 27 јуни.

На денешниот дуел Езџан Алиоски асистираше во единствениот погодок, во 95 минута убаво го пронајде Бразилецот Карлос Едуардо кој со глава ја смести топката во противничката мрежа. За македонскиот репрезентативец ова беше вкупно деветта асистенција оваа сезона.

Ал Фејха (во чиј состав не беше Александар Трајковски) ремизираше без голови со Абха, што беше доволно за обезбедување на опстанок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот