ВИДЕО: Алиоски дебитираше со гол во шампионатот на Саудиска Арабија

Македонскиот репрезентативец ги брани боите на Ал Ахли/Фото: ФФМ

Македонскиот репрезентативец денеска го имаше својот прв настап за новиот клуб Ал Ахли кој ремизираше против Ал-Хазем (2:2).

Езџан Алиоски го одигра целиот натпревар за Ал-Ахли кој и во вториот меч од новата сезона во фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија доаѓа до нерешен резултат.

При негатива од 2:0, Алиоски во своето деби го запиша и првиот гол во 78 минута кога беше прецизен од пенал.

Бразилецот Паулињо во 84 минута го постави конечниот епилог и спречи пораз за неговата екипа.

На табелата во некомплетното второ коло Ал Ахли е на деветтата позиција со два бода, а во следното коло ќе игра против Дамак кој на стартот загуби со 4:1 од Ал-Наср.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот