ВИДЕО: Активисти полија позната слика на Ван Гог со доматна супа

Фото Твитер

Климатски активиси фрлиле лименки со супа врз познатата слика на Ван Гог „Сончогледи“ во Националната галерија во Лондон.

На видеото се гледаат двајца млади кои носат маици „Стоп за нафтата“ ги отвораат лименките и ја фрлаат содржината кон ремек-делото пред да ги залепат рацете за ѕидот.

Лондонската полиција соопшти дека двете лица се уапсени. Од галеријата велат дека сликата била покриена со стакло и затоа не била оштетена.

Во соопштението од Националната галерија се вели: „Непосредно по 11 часот утрово две лица влегоа во просторијата 43 на Националната галерија. Се чини дека парот се залепи за ѕидот до „Сончогледите“ на Ван Гог (1888). Тие исто така фрлија црвена супстанца – што изгледа како доматна супа – над сликата. Собата беше исчистена од посетители и повикана е полиција. Полицајците сега се на терен. Има мали оштетувања на рамката, но сликата не е оштетена“.

„Полицајците брзо пристигнаа на местото на настанот во Националната галерија утринава, откако двајца демонстранти од групата Just Stop Oil фрлија супстанца над сликата, а потоа се залепија за ѕидот. И двајцата беа уапсени“, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот