Марш за ангелите во Кочани / Фото: принтскрин

ВИДЕО | Ако се заташка оваа трагедија тоа ќе значи втора неправда, уште поголема и потешка од првата, порачаа родителите во Кочани

На денешниот 19-ти Марш на ангелите во Кочани, родителите порачаа дека од државата не бараат сочувство и празни зборови, туку да обезбеди целосна и вистинска праведна разрешница на досега најголемата трагедија во земјава, а во која загинаа 62 лица.

Родителите со фотографии од своите најмили во рацете повторно чекореа во молк. Здружени во болката, тие тргнаа од Градскиот парк, па застанаа пред општинската зграда, потоа пред полицијата и пред судот и јавното обвинителство.

Случајните минувачи, гостите во кафулињата во тишина и стоејќи им оддаваа почит на починатите и кон оние што “маршираат”.

„Секој што носи одговорност без разлика на функцијата, позицијата или моќта мора да биде изведен пред лицето на правдата, затоа што човечкиот живот нема цена а нашите загуби немаат замена. Овој случај не смее да остане без епилог, не смее да се заташка, не смее да се заборави. Ако институциите дозволат оваа трагедија да заврши во тишина, ако не ја исполнат својата должност, тогаш испраќаат порака дека животот на нашите деца не значел ништо. А тоа ќе значи втора неправда, уште поголема и потешка од првата“ рече мајка на загинато дете.

Таа порача дека никогаш нема да престанат да бараат вистина и одговорност.

Организаторите претходно рекоа дека маршот не е само за нив, туку за сите кои сакаат за застанат на страната на правдата и да ја поддржат нивната борба.

Пред неколку дена заврши рехабилитацијата на повредените во кочанската дискотека „Пулс“ во одмаралиштето на Министерството за внатрешни работи на планината Пониква.

Заврши рехабилитацијата на повредените во „Пулс“ на Пониква

Видео: Телевизија Кочани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот