ВИДЕО | Ацевски: Ревизијата препорачува посериозен пристап во начинот на управување со капиталните инвестиции

Максим Ацевски, главен државен ревизор/Фото: Слободен печат

Патриотизмот не се докажува само со удирање во гради и со веење на знамиња, патриотизам се докажува и ако правите нешто со што не и давате задолжение на државата да си „брцне“ во џебот и да плаќа заради вашето несовесно работење или неработење.

Државниот ревизор направи разработка односно ревизија на јавниот долг. Како се одлевале парите, односно како се трошеле?

-Ревизија на јавниот долг е направена по втор пат. Со самиот ревизорски извештај констатиравме одредени состојби каде што секоја држава во услови на ковид пандемија изнаоѓа свои начини и политики за задолжување на државата. Секако дека јавниот долг претставува еден од начините на зголемување на јавниот долг претставуваат и платените провизии за земените кредити, односно за ненавременото повлекување на кредитните транши за одредени капитални инвестиции, изјави во Утрински брифинг Максим Ацевски, главен државен ревизор.

Ацевски вели дека ако се проучи детално самиот ревизорски извештај за јавниот долг, таму се дадени информации за пругата Бељаковце – Куманово каде што за одреден временски период се очекува да се платат казнени пенали на терет на државата од околу 4.35 милиони евра.

Според него ревизорскиот извештај покажува и препорачува дека е потребен посериозен пристап во начинот на управување со капиталните инвестиции за да не се зголемува дополнително јавниот долг.

-Државата води грижа за начинот на користење на средствата, но во исто време не треба да штеди на вработување на професионалци, да вложува во кадрите во јавниот сектор за да не губи државата средства кои се одлеваат поради судски трошоци и слично. Инвестицијата во знаењето секогаш е корисна и исплатлива инвестиција, заклучува Ацевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот