ВИДЕО | 600.000 галони црвено вино течат низ улиците на португалскиот град по излевањето на две цистерни
Локалните жители на еден мал град во крајбрежјето на Португалија останаа запрепастени кога река црвено вино течеше низ нивните улици во неделата, откако две цистерни во сопственост на дестилеријата Левира (Levira Distillery) во кои имало 600.000 галони алкохол, одеднаш попуштиле, пишува „Њујорк пост“ (Nypost).
Препорачано
Во видеото се гледа црвената течност која тече како брза река по стрмниот рид во малиот град Сао Лоренко де Баиро, дом на околу 2.000 жители.
Излевањето било толку огромно што виното што било излеано можеше да наполни олимписки базен – предизвикувајќи еколошка тревога.
Официјалните лица потоа тргнале во акција обидувајќи се да го спречат виното на патот, пред тоа буквално да ја претвори реката Чертима во вино.
Противпожарната служба на Анадија ја блокирала поплавата и ја пренасочила од реката, каде што налетала во блиското поле, објавија локалните медиуми. Пожарникарите соопштија дека подрумот во домот во близина на дестилеријата бил поплавен од виното.
Дестилеријата Левира се извини за инцидентот и рече дека ја ископале земјата натопена со вино.
„Ние ја преземаме целосната одговорност за трошоците поврзани со чистење и поправка на штетата, а екипите ќе го направат тоа веднаш. Ние сме посветени на решавање на оваа ситуација што е можно побрзо“, се вели во соопштението.
Се додава дека почвата натопена со вино на теренот е однесена во специјална пречистителна станица.


