Видал патува за Милано, Барса ќе брои еден милион евра!

фото: твитер

Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал, денеска ќе пристигне во Милано за да го финализира својот трансфер во Интер, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.

Италијанскиот клуб од Милано според најавите ќе плати еден милион евра за услугите на чилеанскиот интернационалец. Чилеанецот практично повеќе не е фудбалер на каталонскиот клуб. Деновиве тој го раскина договорот со Барса.

Вчераутро пристигна во базата и се раздели со досегашните соиграчи од „Камп Ноу“. Веќе стана познато дека 33-годишниот Видал се договорил за договор со Интер. Неговата годишна плата ќе биде шест милиони евра без бонуси.

Се очекува неговиот договор со „неро-аѕурите“ да биде до 2022 година со опција за продолжување на соработката на уште 12 месеци.

Играчот за врска го носи дресот на Барселона од 2018 година, а претходно играше за Баерн, Јувентус, Баер Леверкузен и Коло Коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот