Вицегувернерката Нацевска: Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја, вели вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју за австралиското радио СБС.

-Но, не само номиналниот износ, туку и релативните, меѓународно прифатени показатели за оцена на адекватноста водат кон констатацијата дека нивото на резервите е соодветно и обезбедува заштита на девизниот курс на денарот. Од почетокот на третиот квартал наваму, трендовите на девизниот пазар во земјава постојано се подобруваат, за што придонесуваат не само сезонските фактори, туку главно и подобрите согледувања на граѓаните, коишто се јавуваат со зголемена понуда на девизи. Во такви околности, девизната ликвидност на банкарскиот систем и натаму се подобрува, со што значително се намали и потребата за интервенции на Народната банка. Во септември и октомври, Народната банка е само повремено присутна на девизниот пазар со продажба на девизи на банките-поддржувачи, при што износот на интервенциите е најнизок од почетокот на кризата наваму – посочува Нацевска.

Во интервјуто, покрај на намената на девизните резерви, вицегувернерката се осврнува и на принципите на сигурност, ликвидност и профитабилност по коишто токму по овој редослед, Народната банка се води при управувањето со девизните резерви.

 Нацевска напоменува дека кога станува збор за вредноста на домашната валута, нема простор ниту за дилема, ниту за компромис – денарот е и ќе остане стабилен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот