„Victoria’s Secret: Angels and Demons“: Мрачни тајни зад гламурот, убавината и милионите

epa-efe
Дел од познатите ангели на „Victoria's Secret“ / Фото: EPA-EFE

Уште во февруари 2021 година, кога беше објавено дека се снима документарен серијал за некогаш најпознатиот бренд на женска долна облека во светот, „Victoria’s Secret“, се крена голема прашина.

Сега платформата „Hulu“ го прикажа официјалниот трејлер со криптичната објава: „Ве тера да се запрашате: кој ја кажува вистината?“. Документарниот серијал од три дела е наречен „Victoria’s Secret: Angels and Demons“ и ќе пристигне на платформата на 14 јули.

Станува збор за еден од оние мрачни документарци што се обидуваат навлезат зад корпоративната завеса и покажуваат колку некои места можат да бидат ужасни, и покрај нивната совршена надворешност и неверојатна слика. Во центарот на приказната се глобално популарниот бренд и неговиот долгогодишен извршен директор, енигматичниот милијардер Лес Векснер.

Фото: EPA/ZAYRA MORALES

Режисер е наградуваниот новинар и режисер Мет Тирнауер, кој е познат по одличните документарни филмови како оние за модниот дизајнер Валентино и култниот диско-клуб „Studio 54“ во Њујорк.

Светот со години ги следеше годишните ревии на „Victoria’s Secret“ на кои нивните секси креации ги носеа најдобрите модели, најубавите жени на модната сцена, ангелите на Викторија. И секако, носеа крилја. Се чекаа перфектно маркетиншките спектакли каде настапуваа најголемите музички ѕвезди. Возбудата се градеше со месеци.

Иако претходно имаше мали несовршености и претходно, повидливите пукнатини на прекрасната фасада на „Victoria’s Secret“ почнаа да се појавуваат во јули 2019 година.

via GIPHY

Во тоа време „New York Times“ објави големо експозе во кое детално беа опишани професионалното партнерство и пријателство помеѓу тогашниот сопственик на компанијата, Лес Векснер, и озлогласениот сексуален предатор Џефри Епстајн, кој претходно беше осуден за сексуално злоставување жени. Епстајн тогаш го чекаше судењето и изврши самоубиство во својата затворска ќелија само неколку недели по објавувањето на написот на „New York Times“.

Написот откри дека на Епстајн му било дадено полномошно за богатството на Векснер и дека Векснер му продал бројни имоти со голем попуст, вклучително и голема куќа во Апер Ист Сајд и приватен авион што тој наводно го користел за трговија со жени и малолетнички, наречен „Lolita Express“. Многу од жртвите рекоа дека Епштајн се претставувал како скаут за „Victoria’s Secret“ пред сексуално да ги вознемирува и нападне.

Векснер тврдеше дека не знаел за предаторското однесување на Епштајн и дека ги прекинал сите врски со него 18 месеци откако Епстајн за првпат беше уапсен затоа што наведувал малолетници на проституција во 2008 година.

Седум месеци подоцна, „New York Times“ објави уште една голема приказна за „распространето малтретирање и вознемирување на вработените и моделите“ во „Victoria’s Secret“. Тие го обвинија маркетинг директорот Ед Разек, човекот кој стои зад популарните рекламни кампањи и имиџот на брендот, за бројни случаи на несоодветно однесување – тој насилно бакнувал манекенки, барал од нив да му седнат во скут и несоодветно ги допирал. Разек ги отфрли сите обвинувања и своевремено се повлече од директорската функција.

Мет Тирнауер во документарецот испитува и како оваа модна куќа влијаела на жените. Режисерот за „The Daily Beast“ изјави дека брендот „предизвикал телесна дисморфија“ кај генерации жени со своите кампањи во кои слабите модели со нагласени облини поставуваа нереални стандарди.

„Не можете да имате подобар пример за бренд што ги објективизира жените за профит од „Victoria’s Secret“, рече Тирнауер. „Тие беа извонредно успешни затоа што, во нивната ѓаволска маркетиншка брилијантност, го искористија духот на времето на навистина ефективен начин. Тоа беше комбинација од користење на женската сексуалност како симбол на женската моќ, што најдобро е прикажано во серијата „Sex and the City“, помешана со навистина чудна иконографија на изборот за убавина слична на Трамп“, додаде тој.

epa-efe
Фото: EPA-EFE

Документарецот, исто така, дава детали за колекцијата „PINK“ наменета за ​​тинејџери, која беше лансирана во 2002 година.

„Еден ден го испразнија целиот оддел за чорапи и насекаде ги поставија овие луди, ситни гаќички со светли бои и соодветни долни кошули. Се промени и музиката, се пушташе поп“, вели во филмот Сара Зофко, поранешна вработена во „Victoria’s Secret“. „Тогаш почувствував дека нешто оди во погрешна насока затоа што „PINK“ буквално беше дизајниран да ги таргетира тинејџерите. Тоа не беше добро чувство“, додава таа.

via GIPHY

 

Доротеа Барт-Јоргенсен, манекенката која ги носеше тие „младешки колекции“ на модната ревија на која настапуваше тогаш 18-годишниот Џастин Бибер, се потсети колку целата приказна била надреална и морничава.

„Имав фустан од играчки, а и целиот сет воглавно се базираше на играчки“, изјави Барт-Јоргенсен. „Пред тоа не ни знаев кој е Џастин Бибер. Децата на сестра ми беа толку возбудени што беа на пистата со Џастин Бибер. Беа опседнати со тоа, тогаш имаа 10 и 12, па мислам дека дефинитивно ја погодија целта“, додаде таа.

Кога Тирнауер истражувал за филмот, дошол до интерни корпоративни материјали кои биле прилично мрачни. Во едно од интерните видеа за маркетинг, покрај фотографиите на прилично млади модели може да се слушне: – „PINK“ обезбедува долгорочен раст на „Victoria’s Secret“ со тоа што носи млади клиенти кои можеме да ги задржиме со децении.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Режисерот тоа го споредува со интерна студија што ја направиле во компанијата „Meta“, а која протече во јавноста. Во неа се вели дека социјалната мрежа „Instagram“, која е дел од „Meta“, е токсична средина за тинејџерките. Во студијата, меѓу другото, се вели дека оваа социјална мрежа „ги влошува проблемите со сликата на телото кај една од три тинејџерки“ и дека „Тинејџерите го обвинуваат „Instagram“ за зголемување на стапката на анксиозност и депресија“.

„За мене реченицата „Можеме да привлечеме постојан прилив на млади клиенти во наредните децении“ е језива. Луѓето зборуваат за „Instagram“ и неговите штетни ефекти врз менталното здравје на младите жени, а ова било генерална проба за сето она што „Meta“ го направи подоцна. „Victoria’s Secret“ го правеше истото низ продавниците, тие беа фабрики и ни ги земаа парите со тоа што нè заведуваа со одреден тип на слика“.

via GIPHY

 

Друго интерно видео на компанијата од 2008 година прикажано во филмот го прикажува Векснер како се фали со својата креативна контрола над неговите компании.

„Ми беше многу лесно да направам филм во мојата глава. Се гледам себеси како шеф на студио, па тоа значи дека морам да ги прегледам сценаријата, да се погрижам сите да останат во приказната“.

Инаку, по написот во „New York Times“ и откритијата за токсичната корпоративна култура во таа компанија, за расизмот, сексизмот, лошото влијание врз младите жени и со зајакнувањето на трендот на позитивност кон сите форми на тело, различноста и инклузивноста, работите почнаа да се менуваат. Од 2019 година, нема повеќе модни ревии вреднин повеќе милиони долари.

Од 2021 година, компанијата има нови сопственици, нова политика, а ангелите на Викторија се минато. Новите лица на „Victoria’s Secret“ се, на пример, најдобрата американска фудбалерка Меган Рапино, актерката Пријанка Чопра Џонас и тенисерката Наоми Осака.

 

„Ангелите на Викторија Сикрет заминуваат во минатото“: Тие повеќе не се „културолошки релевантни“

 

Поранешен модел на „Викторија Сикрет“ прозборе за модниот терор: Ми рекоа дека моето тело не изгледа доволно добро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот