Вежбаме со Елена Мирческа: Вежби за задник (ВИДЕО)

Сетот на вежби кои ги подготвив во ова издание е фокусиран на оформување и зацврстување на мускулите на задникот. Релативно лесни и безбедни за сите, се изведуваат во домашни услови и без никаква дополнителна опрема, освен доколку имате желба, може да се користат зглобни тежини на нозете, вели фитнес инструкторката Елена Мирческа.

– Правилната форма пред и за време на изведувањето на вежбата е основа: колената се раширени колку колковите и паѓаат точно под нив, дланките паѓаат точно под рамената, прстите се раширени и притисокот е на целата дланка, не само на зглобот (совет: доколку започне да боли зглобот на раката, застанете на тупаници). Тежината ја распоредувате на статичното колено и спротивната рака, за да не дојде до накривување на телото кон статичната страна (совет: доколку имате добра рамнотежа, раката од статичната страна подигнете ја и ставете ја на спротивното рамо, за да се потпрете на спротивната рака).

Потрудете се целото движење да го изведувате со ногата и задникот, движењето прекинува оној момент кога ќе го достигнете максималното подигнување, пред да дојде до извиткување на половината.

Половината и горниот дел не треба да го амортизираат и олеснуваат движењето на основните мускули на задникот. Вратот да остане во неутрална положба, односно во продолжение на рбетот, значи не треба да го кревате нагоре, ниту да го спуштате надолу, од причина што ќе го извиткате грбот (совет: погледот нека ви биде насочен помеѓу двете дланки).

За почеток направете онолку репетиции колку дозволува вашата кондиција, за апсолутни почетници доволно е по десет повторувања на нога по вежба во една серија. Понатаму целта нека ви биде дваесет и пет повторувања на вежба по нога, во три сета. Овие вежби можете да ги вкучите во секојдневната фитнес рутина, дури и да ги изведувате секојдневно, на пример, додека гледате телвизија. Ќе се изненадите како ќе добиете неверојатна трансформација и подигање на задникот во многу скоро време!, ни објаснува фитнес инструкторката Мирческа.

Ајде да вежбаме заедно, Елена нè води чекор по чекор низ вежбите во видеото.

 

Доколку сте заинтересирани за повеќе вежби и секојдневни тренинзи во домашни услови, согласно вашето ниво на кондиција и слободно време, посетете ја Фејсбук страница @FitnesStudioLadyFit и пријавете се на бесплатен пробен час на онлајн тренинзи во живо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот