Фото: EPA-EFE/Julian Finney

Ветеранот Џејми Варди пред сензационален трансфер во Серија А

Италијанскиот шампион Наполи би можел ова лето да се засили со  ветеранот Џејми Варди. Искусниот англиски напаѓач е слободен агент по заминувањето од Лестер, а медиумите од Островот и Апенините сè почесто го поврзуваат со преселба во Серија А.

38-годишниот Варди, кој по крајот на сезоната 2024/25 ја затвори едната од највпечатливите епизоди во историјата на Лестер, сè уште е без клуб, иако интерес за него има од неколку страни, вклучувајќи ги Евертон, Селтик и Ренџерс. За време на својот престој во Лестер, Варди одигра над 500 натпревари и постигна 200 погодоци, а ќе остане запаметен како клучна фигура во шампионската генерација од 2016 година.

Сега, Наполи гледа кон Варди како потенцијално решение за проблемите во нападот. Тимот од „Сан Паоло“ е во потрага по искусен голгетер, откако стана јасно дека белгискиот ас Ромелу Лукаку би можел да паузира најмалку три месеци поради повреда на бутниот мускул.

Со оглед на искуството и голгетерскиот инстинкт што Варди сè уште го поседува, не е исклучено дека Наполи би се обидел да го доведе како краткорочно, но ефективно засилување во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот