Верувале или не, Србија-САД 2:0, ова не се случило од 1972 година

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Само што започнаа Игрите во Токио, Србија веќе на првиот ден се закити со два медали на најголемиот спортски собир…

Најпрвин Дамир Микец во дисциплината 10 метри воздушен пиштол се закити со сребрениот медал, а потоа и Тијана Богдановиќ во таеквондо ја освои бронзата.

Верувале или не, земјата која на секоја Олимпијада атакува на најголем број медали, САД на првиот ден не освои ниту еден медал.

За првпат од 1972 година Американцте не освојуваат медал на првиот ден од натпреварувањето на Игрите, односно тоа се случи во Минхен пред 49 години.

САД најмногу се разочарани од Брејди Елисон, трикратниот освојувач на олимписки медал и човекот кој е на првото место на светската ранг листа во стрелаштво.

Тој и Мекензи Браун на стартот беа елиминира од натпреварувачи од Индонезија во микс.

– Морам да признам дека сум малку шокиран, очекував дека ќе дојдеме до златото – рече Елисон.

Видео на денот