Тревис Келси / Фото: Patrick T. Fallon / AFP / Profimedia

Вереникот на Тејлор Свифт, Тревис Келси доби одговор од НАСА по 16 години и тоа цитат од нејзина песна

Ако некогаш сте наишле на стари објави на Тревис Келси на социјалните мрежи, знаете дека станува збор за вистинско интернет-богатство од 2010-тите. Но, во текот на викендот приказната доби неочекуван пресврт кога на еден негов твит стар 16 години одговори, ни помалку ни повеќе, туку НАСА, пренесува „Борд панда“.

Твит на Тревис Келси – Фото: Принтскрин/ Икс

Имено, Келси, играч на американски фудбал и вереник на Тејлор Свифт, во далечната 2010 година твитнал за Месечината. Пред шеснаесет години, тој напишал:

„Месечината вечерва изгледа неверојатно… Ќе се опуштам, ќе го замислам мојот успех и ќе уживам во погледот.“

На 5 април 2026 година, пристигна одговор од официјалниот профил на НАСА. Тие напишаа само:

„It’s been a long time coming…“ (англ. „Долго се чекаше…“).

За љубителите на музиката на Тејлор Свифт, оваа фраза веднаш беше препознатлива – станува збор за стих од нејзината песна „Miss Americana & the Heartbreak Prince“.

Корисниците на социјалните мрежи брзо сфатија за што станува збор, а еден коментар тоа најдобро го сумира: „Не ме чуди што има обожавател на Тејлор Свифт во НАСА. Секако дека има свифти таму.“

Раните твитови на Келси станаа легендарни поради нивната искреност и едноставност. Меѓу нив е и добро познатиот: „Боже, не ми се работи денес… само сакам да спијам и да не правам ништо!!“.

Особено се истакнува неговата навика на крајот од објавите да додава „Хаха“, дури и кога во нив нема ништо смешно. А тука е и класикот: „Само што ѝ дадов на една верверица парче леб и веднаш го изеде целиот!!!! Не знаев дека така јадат леб!! Хаха“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот