Верати: Немојте со сила да го задржувате Нејмар!

twitter.com/estadio

Иако призна дека има голема желба да остане Бразилецот, Верати смета дека не е добро да се задржува играчи, кој не сака да игра во клубот.

– Не сум разговарал со Нејмар на оваа тема, иако знам дека моментно поминува низ тешки моменти после повредата која го одвои од „Копа Америка“ – рече италијанскиот ас.

Би бил разочаран да го гледа Нејмар како си заминува, а воедно не би сакал да слушне од него дека сака да си оди ПСЖ.

Верати оваа ситуација на Нејмар ја спореди со својата, пред две години, кога сакаше да го напушти ПСЖ и се пресели во Барселона.

– Во тие моменти ми требаа неколку одговори од ПСЖ, бидејќи тогаш немав впечаток дека клубот сака да ја освои Лигата на шампионите. После разговорите, ме убедија дека ќе биде подобро и одлучив да останам. Никој не ме тераше тоа да го направам, а од друга страна мислам дека доколку фудбалер сака да си замине, не би требало со сила да го задржува, бидејќи тој секогаш ќе пронајде начин да си оди. Се согласувам и со клубот дека треба да се заработи нешто од тој трансфер, но не се согласувам дека треба да се задржи играчот по секоја цена – додаде Верати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот