Вера Венг ја откри тајната за нејзината витка линија во седмата деценија: Коктели, работа и спиење!

Instagram

Славната дизајнерка Вера Венг го шокираше светот со својата витка линија. Иако има 70 години, таа плени со своите витки нозе и рамен стомак, поради што многумина мислат дека станува збор за 20-годишна девојка.

Instagram

Венг последните неколку недели објавува фотографии од изолација и самата си ја рекламира колекцијата. Но, невозможно е да не го забележите и нејзиниот изглед.

Instagram

Една обожавателка ја замолила за совет. Таа ја прашала како може да се постигне совршено рамен стомак, каков што има и самата дизајнерка.

Венг одговорила: „Работа, спиење, коктел со вотка и не премногу излагање на сонце“.

Instagram

Нејзината исхрана се состои од многу намирници кои не важат за здрав животен стил. Таа сака, пица, крофни и чипс. За InStyle во 2016 година открила дека нејзиниот доручек најчесто е омлет, тост, сланина и пудинг од ванила, јаде пилешка супа и многу зеленчук, а за вечера бира кинеска храна.

Instagram

Во детството таа се занимавала со уметничко лизгање и била многу успешна, но не е тајна дека не сака да вежба. Единствено нешто во кое понекогаш ужива е голфот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот