Вера Мештеровиќ се отвори за односот со поранешниот сопруг: Сè што треба и што носи животот
Вера Мештеровиќ отворено зборуваше за разводот со поранешнот фудбалер Игор Кралевски, и за тоа во какви односи се денес.
Препорачано
Мис на Македонија за 1996 година, денес водителка во Утринската програма на „Канал 5“, „Здраво Македонијо“, Мештеровиќ ја отвори душата во поткастот „Естраден лексикон“. Таа без двоумење одговори на најинтригантните прашања кои со години ја интригираат јавноста, од нејзиниот моментален љубовен статус, па сè до тоа како функционира нејзиното семејство по разводот со познатиот поранешен фудбалер.
Кога водителот ја праша за љубовниот живот, Вера со својата препознатлива насмевка и откри дека е сама.
„Сингл!“, кратко и јасно одгвори таа
Разговорот се префрли на темата за родителството, каде што беше отворена дебатата за тоа дали е правилно жените кои сами ги одгледуваат децата по разводот да се нарекуваат „самохрани мајки“, дури и кога таткото е жив и активен во нивниот живот. Вера тука е децидна: „Не се вели така, да. Имаше околу тоа полемики. Инаку, децата се кај мене доделени, но секако си се гледаат со татко им, нема тука никаков проблем. Имаат секојдневна комуникација“, вели Вера.
Таа открива дека правилата кои важеле кога син ѝ и ќерка ѝ биле помали, денес веќе не постојат бидејќи тие се возрасни и сами си го организираат времето со родителите.
„Бидејќи нашите деца се веќе големи, малку е поинаку кога се помали. Кога беа помали, бидејќи со суд добиваш решение во однос на гледањето, ги има тие некои викенди кога ќе бидат кај мене, кога не. Сега веќе децата се големи. Кога сака, колку сака, оди ваму, оди таму. Секојдневно се во комуникација со татко им. Си се договараат, си се слушаат, си одат на ручеци, си комуницираат, значи без никаков проблем. Си одат на одмор, како што си одиме и ние, и тоа е тоа“, раскажува Вера.
На прашањето во каков однос е со поранешниот сопруг по разводот, таа рече:
„Во коректен родителски однос сме. Си комуницираме за сè што е поврзано со децата. На таа тема немаме никаков проблем… Си се информираме ако се децата кај него и нешто треба. Се разбира, за што и да е, за одредени работи, ете и за документи нели, треба двајцата да бидеме тука. Или за училиште, сè што треба и што носи животот, мора да сме тука заедно за нив. Или за разговор, или за совет. Двајцата родители треба да се присутни“, заклучува таа.


