Џеј Ди Венс, потпретседател на САД фото:EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Венс: Трамп планира да ја продолжи војната „некое време“, но цените на горивата наскоро ќе се намалат

Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека иако американската војска веќе ги исполнила повеќето од своите воени цели, претседателот Доналд Трамп планира да ја продолжи војната уште „некое време“ за да се осигури дека иранската влада е сериозно ослабена, пренесува Тајмс оф Израел.

„Претседателот ќе го продолжи ова некое време за да се осигури дека откако ќе заминеме, ова нема да се случи повторно долго, долго време“, рече Венс. „Мораме да ја неутрализираме иранската влада многу, многу долго време, и тоа е целта“, вели Венс

Исто така, тој призна дека цените на горивата се зголемиле како резултат на конфликтот, но нагласи дека тие наскоро ќе се намалат.

„Ова е многу, многу привремен одговор на конфликт кој на крајот ќе биде краткотраен. Мислам дека претседателот беше многу јасен за тоа: Не сме заинтересирани да останеме во Иран една година, две години, ние ја работиме работата, наскоро заминуваме таму, а цените на горивата ќе се вратат во нормала“, рече Венс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот