Велика Британија ја симна Шпанија од списокот на безбедни земји во екот на пандемијата

Фото: МИА

Британското Министерство за транспорт синоќа издаде соопштение во кое предупредува дека сите што од полноќ ќе се вратат од одмор од Шпанија ќе мора да се самоизолираат.

Велика Британија ги посоветува своите државјани да не патуваат во Шпанија откако во оваа земја дојде до драстично зголемувањето на бројот на заразени од коронавирус и ја отстрани од списокот на безбедни места што можат да ги посетат.

Британското Министерство за транспорт синоќа издаде соопштение во кое предупредува дека сите што од полноќ ќе се вратат од одмор од Шпанија ќе мора да се самоизолираат.

„По значителната минатонеделна промена во бројот и темпото на раст на заразени Шпанија е отстранета од списокот на земји од кои луѓето можат да се вратат во Велика Британија без самоизолација”, се вели во соопштението.

Владата апелираше до луѓето кои веќе се на одмор во Шпанија да се вратат дома, како и да ги следат информациите и советите на министерството.

„Заштитата на јавното здравство е наш апсолутен приоритет и ја донесовме оваа одлука да го ограничиме значајното ширење на инфекцијата во Велика Британија”, соопшти британското министерство.

Во Шпанија, во последните два дена дневно се регистрираат повеќе од 900 нови инфекции. Шпанските власти предупредуваат дека земјата може да се соочи со втор бран на инфекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот