Велешка компанија годинава продала конци за 4,5 милиони евра
Единствениот производител на конци и предива во Македонија, велешката компанија „Ветекс“, од почетокот на годинава го зголемила извозот и продала производи во вредност од 4,5 милиони евра, пишува „Фактор“.
Препорачано
Добивката на компанијата од почетокот на годината, па заклучно со септември годинава достигнува скоро 174.000 евра, покажуваат официјалните неревидирани податоци од билансот на успех, објавени на веб-страницата на Македонската берза.
Приходите на компанијата во првите девет месеци од годината ги зголемила и приходите за речиси шест отсто во споредба со истиот период лани.
Иако приходите се остварени од продажба на конец за плетење на домашниот и на странските пазари, сепак, зголемувањето на вкупниот приход е резултат на зголемената побарувачка на нивните производи од странските деловни партнери.
Истовремено, пораснале и расходите на „Ветекс“, а од компанијата појаснуваат дека тоа се должи на зголеменото производство – расходите се однесуваат на потрошени суровини и материјали за производство, трошоци за електрична енергија, мазут и трошоци за плати и надоместоци за вработените.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
20мин
-
41мин
-
51мин
-
58мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


